Бидете мотивирани и решителни да го остварите она што ќе го посакате. Нова година, нови цели и идеи..
Најпрво размислете што посакувате оваа година да остварите, а потоа и начини како може да стане вашата желба реалност. И секако, АКЦИЈА!
Додека го погодите вистинскиот пат кон остварување на замисленото највероватно ќе грешите многу, но нема откажување. Одејќи по патиштата ќе се отворат нови врати и нови можности, само продолжете напред и не се разочарувајте. Бидете упорни и трпеливи низ целиот процес.
Дали посакувате да го смените работното место? Кои вештини и знаења ви се потребни да бидете онаму каде што посакувате? Направете список на потребни обуки кои ви требаат да го доусовршите знаењето и почнете да учите и истовремено да истражувате побарувачка за таа работа на пазарот.
Нова идеа за бизнис имате можеби? Запишете се што ќе ви помине на памет во врска во вашата идеа. Како може да се оствари и кој може да ви помогне околу тоа. Напишете листа на се што ви е потребно да се набави, планиран буџет за почетни трошоци, контакти кои ви се потребни да се реализира бизнисот и почнете да чекорите.
Или сакате да си најдете свое совршено катче за живеење? Сакате стан или да изградите куќа? Доволна ви е една спална соба или можеби сакате повеќе? Гарсоњера можеби е правиот избор за вас во која што би си направиле вистинска оаза за опуштање во тој простор. Почнете да размислувате кои ви се можностите и истражете по банките за условите за кредит доколку е потребно. И, почнете да штедите.
Тука сме за вас да ви одговориме на сите прашања и да ве насочиме кон реализациијата на оваа желба.
Тимот на Маком Недвижности и Маком Градба ви ја честита новата година и ви посакува да бидете храбри и да остварите се што сте замислиле во оваа година.
С.Б.