Новиот дом треба да ве отсликува вас и она што го носите во себе. Само така ќе уживате секој ден во вашиот интимен простор. Боите се многу важен елемент за кој треба да размислите како да ги искористите. Внеси моќ и храброст во домот користејќи ја црвената боја и елеганција со златните детали.
Црвената е многу моќна боја, инспирира храброст и сила. Сепак, не треба да се претерува со неа бидејќи може да иницира бунтовност, агресија и нервоза.
Златните детали умерено користени во домот ќе дадат сјај, елегантност и отменост.
Инспирирајте се како да ги искористите овие две бои во просторот и почнете со уредувањето и уживајте во новото секојдневие.
Сликите се преземени од: @furnituredotcom @lm_arquitetura
С.Б.