Новата година се ближи, а дочекот ќе биде поинаков од претходните години. Но, може да биде многу подобар бидејќи сепак зависи од вас. Внесете ја магијата во домот, украсете го секое делче од домот заеднички со вашето семејство. Направете распоред на активности за денот на дочекот на новата година кои ќе ги организирате меѓусебно. Договорете ручек на заедничката трпезариска маса, десерт во дневниот простор со пуштена програма која ќе ви донесе мир, среќа и блискост со фамилијата. Наполнете ја чашата со добар пијалок кој ве исполнува и наздравете со најблиските.
Започнете со украсување веднаш што ќе влезете од влезната врата. Украсете го ходникот со мали но сепак важни додатоци, како што се сијаличките, лентите новогодишни, украси во форма на елка, дедо мраз, снегулки...Доколку имате скалила во домот имате можност да изведете уште поубав декор што ќе го краси домот..
Продолжете со магијата низ дневниот простор и внесете новогодишни додатоци како на пример нови перничиња, ќебенце што ќе потсеќа на празнична топлина, сијалички, божиќно цвеќе...
Трпезариската маса подгответе ја за најубавиот новогодишен ручек со семејството.
Кујната претворете ја во магична просторија каде што ќе ги подготвувате највкусните јадења за најубавиот ден.
Спалната соба и детското катче направете ги извор на креативност со боите на божиќните празници..
Бидете добро расположени и ширете радост. Нека ве прати позитивна мисла и дочекајте ја новата година со многу здравје и љубов со семејството. Среќни новогодишни и божиќни празници.