Домот е место каде што се опуштаме после напорниот ден, место за релаксација, креативност, семејно дружење и хармонија. Боите значително влијаат на нашето расположение. Затоа, во зависност од тоа што сакаме да иницираме во определена просторија во домот, треба да размислиме убаво за која боја да ја одбереме на ѕидовите или пак како декоративни елементи и украси.
Белата боја е стандардна боја во домовите и секогаш е вистински избор
Предметите во домот се истакнуваат на бела позадина. Особено доколку се работи за мал стан доминантноста на белата боја е позитивна бидејќи му дава светлина и просторност на истиот. Се препорачува за ходниците и за во кујна, за да се остави простор на другите бои да ги разиграат останатите простории во домот.
Црната боја доколку се комбинира правилно и со стил може да делува многу богато и луксузно
Се препорачува да се користи на помали површини или како бела техника да се искомбинира во дневната и кујнските елементи. Доколку премногу се користи оваа боја може да делува депресивно, затоа претпазливо со црните нијанси.
Сивата боја делува формално и создава чувство на баланс и компромис
Се препорачува за во работна соба и просторот за учење. Сиви нијанси можат убаво да делуваат и во дневниот простор на дел од ѕидовите и мебелот. Не се препорачува за во кујна.
Сината боја го зголемува чувството на самодоверба и го намалува стресот
Светлите нијанси на оваа боја делуваат смирувачки и е поволно да се користат во спалните соби. Не се препорачува на големи површини во дневната соба, но доколку се користи разумно темно сината боја и во дневниот простор може да делува освежувачки и со стил.
Виолетовата боја доколку се користи во дневната соба на помали површини може да делува достоинствено и луксузно
Светлите нијанси на оваа боја може да се користат во спалните соби да истакнат чувство на духовност, медитација и опуштање. Доколку се претера со оваа боја може да делува контрадикторно и многу депресивно.
Зелената боја е бојата на природата која што смирува, опушта и дава чувство на позитивност
Се препорачува да се користи за спалните соби.
Црвената боја е многу силна боја
Препорачливо е да се користи во вид на декоративни предмети, украси, цвеќиња или перничиња на гарнитурата. Не е корисна за во спалните соби бидејќи потикнува нервоза.
Розевата боја е исклучливо многу женствена боја
Дава чувство на романтика во просторот. Особено е препорачлива за детските соби бидејќи потикнува разиграност и нежност.
Жолтата боја е бојата на сонцето која иницира позитивно расположение
Освежува, дава позитивна енергија и стимулира комуникативност. Поволна е за дневната просторија каде што целото семејство е на едно место. Сепак, не е поволна за во детската соба.
Секогаш е вистинска одлука да внесете нова свежина во домот со декорација во боја која ќе го отсликува вашето расположение. Одберете ведри бои за поголема позитивна енергија и ведрина.
С.Б.