Блог пост

Уредување на домот по концепт на отворен простор

Уредувањето на домот по овој концепт на отворен простор идеално се вклопува во модерните трендови и начинот на живот. Употребата на овој концепт во домот обезбедува флексибилност на ентериерот во него.

Распоред на елементите во домот по концепт на отворен простор:

Функционалноста првенствено се однесува на правилниот распоред на елементите во поединечната група – дневниот престој, кујната, трпезаријата, работниот простор, како и правилниот однос во рамките на самата група. Престојот и извршувањето на одредени активности во една функционална целина не смее да ја попречува активноста во другата.

Прочитајте повеќе >> Распоред на функционална кујна

Трпезариската маса како средишна точка помеѓу кујната и дневниот простор:

Комуникациските текови помеѓу нив треба да бидат логични и јасни. На пример, доколку open space e организиран така што трпезаријата е поставена во средина, а лево и десно од неа се сместени кујната и дневната соба, овој меѓусебен однос овозможува непречена комуникација помеѓу кујната и трпезаријата, каде се извршува подготовката и послужувањето на храната, додека во дневниот престој активностите се одвиваат независно.

Бар - шанк како естетски елемент во поврзувањето на просториите по концепт на отворен простор:

За да уживате во вашата храна и да поминете време со вашите најблиски истовремено, предлагаме, доколку е можно, да ја поврзете вашата кујна со дневната соба во една единствена, флуидна целина. Најефективниот начин да го направите ова е да користите бар - шанк, но бидете внимателни и обрнете посебно внимание да го вметнете овој елемент естетски во двата дела. Можете да го користите барот во исто време со вашата работна површина и просторијата за јадење.

Доколку дневниот престој треба да се прошири, поради зголемен број на лица или гости, трпезаријата идеално ќе послужи за дополнително сместување и зголемување на местата за седење. 

Практичност во уредувањето на помалите домови:

Просторот каде што дневната соба, трпезаријата и кујната претставуваат целина е идеално решение за помалите станови каде што се добива поголем и светол простор.

Совет:

Доколку го уредувате домот по овој концепт на отворен простор советуваме да ви бидат главни 2 бои по можност светли и една до две бои кои ќе ги внесете преку декоративна елементи во просторијата. Овој концепт нуди можност за креативност и создавање на убави доживувања во просторот, како и големо количество на дневна светлина.

Н.Ц.