Објектите треба да се добро изолирани за да се заштити објектот од ладење во зимскиот период и од греење во летниот со што се заштитува и самата конструкција од температурни шокови и се зголемува нејзиниот век на траење, покомфорно е за живеење и се заштитува животната средина. Покрај тоа се намалуваат и трошоците за греење и ладење во домовите, односно, добрата изолација влијае и на заштедата на семејниот буџет.
Градежниците внимаваат на енергетската ефикасност при градење на објект и се грижат да ги задоволат градежните прописи, па дури и да вложат повеќе од дадените стандарди.
За да се изолира квалитетно објектот, потребно е да се познаваат карактеристиките на изолационите материјали.
Постојат различни материјали кои се користат како топлински но и звучни изолатори: воздухот, стиропор со различна густина, стиродур, стаклена минерална волна ( се добива од кварцен песок), камена минерална волна, дрвено влакно, целулоза и др.
Топлинска изолација
Најчесто користени термо изолатори за топлинска заштита на фасадата се :
• Стиропор ( кој најчесто се користи ) се произведува во повеќе дебелини, од 1 цм до 10 цм. Изолационата моќ на стиропорот во најголемиот дел зависи од неговата дебелина. Постои заблуда дека тврдопресован стиропор ќе даде поголема изолација, што е неточно. Стиропор од иста дебелина има скоро иста изолација и кај мекопресованиот и кај тврдопресованиот. Тврдопресованиот стиропор се применува кај места кој се подложни на механички влијанија. Во градежништвото кај нас најчесто се користи стиропор со дебелина од 8 цм до 10 цм.
• Графитен стиропор Графитен стиропор е меѓу поновите производи за термо изолација, составот е исти како и кај обичниот стиропор само што разликата е што е додаден графитот од каде ја добива и црно - сивкастата боја.Графитот овозможува одбивање на топлината со што го прави овој производ за 20% поефикасен од обичниот стиропор. Графитниот стиропор е идеално решение за изолација на подрачја каде е битен секој сантиметар ( најчесто терасите ) затоа со што потенка дебелнина се постигнува иста термоизолација која би ја добиле со подебел стиропор. Се произведува со дебелина од 2 цм до 10 цм.
• Термо течна изолација – Иновација по нано технологија.
Слој од 1мм заменува 50мм од класична стиропорна изоалција. Еколошка на водена основа, спречува појава на мувла и кондензација. Бојата е бела со можност за тонирање или фарбање. Се нанесува на метал, бетон, цигла и на скоро сите подлоги за подови, ѕидови, кровови, пароводи, топловоди, топол воздух, канали за климатизација итн. Идеално решение за внатрешна изолација на станови, куќи, цевки, тешко достапни места и тн.
Звучна изолација
Звучната изолација се јавува како фасадна – дел од термо изолацијата, меѓу становите- ѕидна и подна.
Звучната изолација на надворешните ѕидови на објектот е и самата термо изолација која е најчесто од стиропор и термо блокови вклучувајќи ги и прозорците и вратите и нивниот квалитет.
Кога станува збор за звучна изолација помеѓу станови постојат неколку опции.
• Воздушната шуплина е најдобар термо и звучен изолатор па затоа и при градење на преградните ѕидови меѓу становите се користи 25 цм термо блокови кои покрај термо изолација нудат и звучна изолација.
• Камената волна е доста добар звучен и термо изолатор кој е огненоотпорен и еколошки не штети на животната средина. Се прави сендвич ѕид меѓу становите : табла кнауф + 16 цм термо блок (најчесто) + 5 цм камена волна + табла кнауф.
Во зависност од потребите, доколку се смета дека звучната изолација не е доволна секогаш може да се монтира и дополнителна звучна изолација и покрај тоа што објектот е веќе изграден.
При градење на објект, инвеститорите најчесто користат термо болк 20 х 25 х 25 кој има повеќе комори што значи дополнителна термо и звучна изолација, но не се исклучок и останатите видови на блокови како што се : стандардните блокови, полутермо блокови и термо блокови од други материјали кои се нудат на пазарот. Покрај блокот како термоизолација се користи и стиропор со дебелина од 8 цм до 10 цм кој градежниците во нашата држава најчесто го користат, но постојат и други типови на термо изолација.
Н.Ц.