Блог пост

Стан со двор за дружење со целото семејство

Стан со двор е идеален дом за уживателите во надворешниот простор. Да се има сопствен двор кој што може да се уреди со зеленило, детски игри, дел за седење и релаксација е желба на многу семејства со деца. Овозможете си чувство на свежина во лето и чист воздух во зима живеејќи во стан со дворна површина. Наведовме неколку бенефиции од живеењето во стан со двор.


Зеленило и чист воздух

Најзначајна причина во одлуката да се купи стан со двор е можноста да се биде опкружен со зеленило и да се диши чист воздух. Уживателите на природата и зеленилото можат да направат вистинска оаза за релаксација од овој простор. 
  
Дружење со семејството и пријателите


 
Најпозитивно искористено време за семејството и пријателите е времето поминато заедно надвор. Дружба правејќи скара,пикник на тревна површина, игри со карти и долги разговори се некои од активности во кои уживаат многумина. Да се има сопствен двор е идеална можност за многу семејни активности.


Омилено место за децата


  

Децата уживаат да бидат надвор и по цел ден да си играат. Дел од дворот може да се намени за децата и да се уреди со детски игри и опрема. Дворот е идеално место за физичка активност на децата дишејќи чист воздух.

Одличен простор за миленичиња


Дворот е посакувано место за игра со милениците и за нивна физичка активност. Доколку сте семејство што сака миленици нема ништо поубаво од дворната површина за нив. 


Дополнителни простории

Дворот може да се искористи и како дополнителен простор за елементи кои не можете да ги сместите внатре во станот. На пример може да си направите мал магацин, работен простор, вежбална, летна кујна и се друго по потреба.


Становите со двор најчесто се наоѓаат на приземје, но ние ви нудиме ваков тип на станови и на прв кат и поткровје со големи тераси/дворови кои можат да се уредат по ваша желба. Закажете средба во нашите канцеларии и разгледајте ги можностите и понудите на нови и станови во градба со дворна површина.

 

Тагови: дом