Блог пост

Стан под наем или сопствен стан?

Доколку размислуваш сеуште дали да подигнеш кредит за да купиш стан или да изнајмиш плаќајки месечна кирија, прочитај го следниот текст и можеби ќе ти помогне да се одлучиш.

1 Стабилност
Ако си сигурен дека посакуваш да живееш на одредена локација и се гледаш себеси во иднина тука барем минимум 5 години тогаш почни да се информираш дали можеш да подигнеш кредит и кои се условите за истиот.
Флексибилност
Доколку твојот животен стил е да менуваш локација на живеење и не се гледаш во иднина на едно исто место тогаш размисли за да изнајмиш стан под кирија на пократок рок.

2 Инвестиција во свој дом
Сите наведени трошоци претставуваат инвестирање со поврат односно за недвижност на која сопственик ќе бидеш ти, па доколку некогаш одлучиш дека нема да живееш повеќе таму можеш да го продадеш и да инвестираш во друга твоја замисла. Сепак, твоја сопствена недвижност е имаш право да одлучуваш што сакаш во врска со тоа. 
Инвестиција без поврат
За наем на стан вообичаено се остава депозит од минимум две месечни кирии. Трошоците за кирија и останатите трошоци би претставувале инвестиција без поврат.

3 Уредување на домот
Освен што имаш прилика да си го уредиш својот дом како што сакаш ти, ќе ти треба определен буџет за тоа. Секако, можеш да размислуваш на најосновната опрема за домот за почеток додека целосно не го средиш. 
Најчесто уредувањето на домот е по вкус на сопственикот и за било каква промена треба дозвола од него.

4 Трошоци за рати од кредитот
Со сигурна работа и месечни примања полесно ќе испланираш дали можеш да си дозволиш да ја исплаќаш месечната рата наредните години.
Трошоци за месечна кирија
Доколку изнајмуваш стан под кирија најчесто единствените трошоци се трошоците за рата од кирија и месечните сметки. 

5 Дополнителни трошоци
Може да бидат сметките за струја, вода, телевизија, одржување на влезот, тековно одржување на домот во случај на оштетување и слично.
Доколку размислуваш за стан под кирија некои од овие трошоци може да бидат вклучени во киријата или пак на товар на изнајмувачот.

Наведовме неколку карактеристики кои можеби ќе бидат клучни во донесувањето на одлуката за вашиот иден дом. Секако, доколку се одлучите да бидете сопственик на нов стан контактирајте не да ви помогнеме во изборот и конечната одлука.

Тагови: дом станови