Блог пост

Соработка со нас

Доколку не ангажирате нас како компанија за соработка при купување на недвижност, нашата заедничка соработка би изгледала вака:

1. Телефонски контакт со цел да ги поставите вашите барања

Телефонски не контактирате и прашувате дали имаме понуда на посакувана недвижност во одреден реон, планиран буџет и посакувана квадратура. 

2. Закажување состанок во нашата канцеларија со цел да ви биде презентирана бараната понуда

Доколку имаме понуда која одговара со вашите барања, следно што е пожелно да направите е да закажете состанок во канцеларија. Ќе ви бидат предложени недвижности и нивните карактеристики во складност со вашите барања. На овој состанок вие имате можност да разговарате, да прашувате и да размениме многу информации.

3. Теренска презентација 

Следно, одбирате недвижности кои ви одговараат по бараните карактеристики и закажуваме термин или веднаш одиме заедно на терен со цел да ви бидат покажани и презентирани. 

4. Чекори при купување на недвижност

Одкако ќе одберете недвижност која би сакале да ја купите ќе ви бидат објаснети сите понатамошни чекори, при што ќе ви бидат понудени совети за постапката за добивање на кредит и правна помош при составување на купопродажен договор.  

Нудиме ограничен избор на станови во објекти на инвеститори со кои соработуваме и сме сигурни во нивната квалитетна градба.

Исто така, имајте предвид дека работиме исклучливо со недвижности кои поседуваат средена и целосна документација. 

 

Доколку не ангажирате нас како компанија за соработка при продавање на недвижност, нашата процедура за соработка изгледа вака:

Услови за деловна соработка

1. Имотни/ предимотни листови.

Повеќе за постапката на добивање имотен лист прочитајте Доказ за сопственост доколку продавате/купувате недвижен имот

2. Проект на објектот и технички опис на материјали за градба. 

3. Детален урбанистички план (особено важно доколку продавате куќа или плац).

4. Слики на недвижноста.

5. Договор за соработка (потпишан на сите страни што ги содржи, со име презиме и краток потпис).

6. Закажување на состанок за да се увидат документите, потпис и да се слика.

Откако ќе се испратат сите документи и после одржаниот состанок се одлучува дали ќе се понуди недвижноста преку нашата компанија.

 

Се трудиме да оствариме успешна соработка и задоволство од сите засегнати страни при процесот на купопродажба на недвижност.

Тимот на Маком Недвижности

Контакт со нас

Прочитајте повеќе за предностите на купување стан во градба и вселив стан тука

 

С.Б.