Видот на греење е важен критериум на потенцијалните купувачи на недвижност. Секој вид на греење си има свои предности и недостатоци, некои се лесни за користење, но се поскапи. Некои видови на греење околината ги смета како економични, но тоа е само на прв поглед.
Видови греење:
Дел 1:
Дел 2:
Греење / ладење со електричен клима уред
Греење / ладење со геотермална топлинска пумпа
Дел 3:
Греење со електрична енергија добиена од сонцето преку фотонапонски панели
Дел 4:
Греење со нафта – екстра лесно масло
Греење со природен гас – метан
Греење со електролитни котлиња
Греење со плин – течен нафтен гас
Греење со електрична енергија
Видови електрични грејни тела: греалки, калорифери, термоакумулациски печки.
Предности:
Греењето со електрична енергија е најкомфорно, без чистење, ложење, простории за складирање, без чад, мирис и ослободување на продукти при претворање на електричната енергија во топлина. Голем дел од електричните грејни тела се лесно преносливи и топлинската енергија добиена од струја многу лесно се контролира и нагодува на саканата вредност.
Слабости
Термостатот е најслаба страна кај греалките. Тој има ограничен век на траење поради честите вклучувања и исклучувања на големи електрични струи.
Совет
Најдобро е доколку греалката има два грејачи , да се вклучи само едниот грејач. На тој начин термостатот поретко ќе се користи и векот ќе му се зголеми или да се вклучат две греалки на половина моќ, разместени на различни краеви од собата и температурата ќе биде подобро распределена. По правило најдобро е да се постават на места кои се најладни - под прозорците во собата.
Греење со градско парно – БЕГ
Предности / слабости:
Во текот на грејната сезона снабдувањето на топлинска енергија е регулирано во одреден временски период и ако сте дома во период кога јачината на греење е намалена можно е да имате потреба од дополнително греење кое е најчесто греалка на електрична енергија или клима уред – значи плус трошок за греење.
Сметките за снабдување со топлинска енергија ги плаќаме и преку летниот период, односно и кога ќе заврши грејната сезона. Тогаш имаме потреба од ладење на просториите, па така имаме трошок за купување на уред за ладење кој најчесто функционира на електрична енергија.
Заклучок:
Греењето кое што ќе го избереме многу влијае врз животната средина и квалитетот на воздухот кој го дишеме. Одреден вид на греење бара поголема почетна инвестиција која во иднина резултира со многу ниски сметки, но најчесто луѓето тоа не го гледаат иако имаат можност за таква инвестиција.
Продолжете со читање на наредната статија Дел 2 .
Н.Ц.