Блог пост

Потребна документација за добивање одобрение за градба

Потребна документација и услови за добивање одобрение за градба

Одобрение за градба на одредено градежно земјиште може да добие правно или физичко лице кое се стекнало со сопственост за истото градежно земјиште односно со доказ за сопственост-имотен лист, или лице што на некој начин се стекнало со право на градење согласно со закон.

Одобрението за градба важи за секој вид на градење на објект како на пример нова градба, доградба, надградба, реконструкција на објект или негова адаптација итн.

Барање за одобрение на градење се доставува електронски на страната www.gradezna-dozvola.mk.

Потребни документи за барање на одобрение за градба се:

1. Идеен проект кој треба да биде изготвен од страна на овластен архитект – архитектонско биро.

- За идеен проект да може да се изготви потребни се извод од детален урбанистички план (ДУП), имотен лист.

- Од кога ќе го одобри општината проектот се пристапува кон документот под бр. 2.

2. Основен проект и негова ревизија, кој треба да биде изготвен од страна на овластен проектант – проектантско биро.

- Извод од детален урбанистички план (ДУП), имотен лист, оцена на влијанија врз животната средина, елаборат за геомеханика и сеизмичност на локацијата, хидротехнички услови (водовод), геодетско испитување..

3. Геодетски елаборат на нумерички податоци за градежното земјиште.

4. Доказ за платени административни такси и неадминистративни други трошоци (информациите за жиро сметката, назнака на уплатниците и висина на надоместоците ги одредува општината).

Одобрението за градба од локално значење го издава градоначалникот на општината.

Времетраење на постапката за добивање на одобрение за градба

Рокот за издавање на одобрението за градење е 7 дена од денот на комплетирањето на барањето.

Доколку нема жалба спрема барањето во рок од 15 дена од приемот на решението, по истекот на истиот рок решението добива извршност во управна постапка.

 

С.Б.