Блог пост

Побарувачка на станови во Скопје (од наша перспектива)

Според досегашното наше искуство во работење со недвижности како што се градење и купопродажба, побарувачката но и понудата на недвижности во Скопје е се поголема во последните години особено кога станува збор за станови.

Ние, како Агенција за недвижности - Маком Недвижности работиме со инвеститори во кои имаме доверба и приоритет ни се новите градби во Карпош и Ѓорче Петров. 

Карпош

Најголема побарувачка имаме за станови со 2 спални соби во Козле и Тафталиџе од страна на семејства со деца. Преферирани се помалите згради со помалку станбени единици. Оваа таргет група повеќе се фокусираат на локацијата и блискоста на училишта, градинки и паркови со зеленила отколку на цената. Цената од квадрат на новите станови во овој реон се движи од 1100 евра до 1300 евра од квадрат.

Ѓорче Петров

Младите парови исто така се многубројни потенцијални купувачи кои претежно бараат станови со една спална соба каде што пониската цена е приоритет. Оваа таргет група ги одбира помирните локации како Влае и Ѓорче Петров кои што не се далеку од центарот на градот а и во близина има се што е потребно како маркети, кафулиња, трговски центар, болница, училиште и градинка. Цената од квадрат на новите станови во овој реон се движи од 800 евра до 1000 евра од квадрат. 

Центар

Центарот е фокус на таргет групи кои бараат станови во кои ќе ги инвестираат своите пари за да подоцна ги издаваат на кираџии. Во центарот на градот најголем процент е побарувачката за помали станови до 45 квадрати. Во овој реон цената од квадрат варира од 1100 евра до 1350 евра зависно од тоа дали станот е нов или половен, опремен/неопремен.

Цената од квадрат на становите зависи од повеќе фактори како локација, квалитет на материјали што се користат во изградбата, тип на греење, како и од самите инвеститори/сопственици на недвижност.

При изборот на идното живеалиште секако приоритет е квалитетот на градба и целосна чиста документација. Секогаш побарајте си од агентите технички опис како би се осигурале за материјалите кои се користат во изградбата на објектот, листови за предбележување/ имотни листови и дозвола за градба.  

С.Б.