Блог пост

Освежување на просториите со тапети

Наједноставен и најбрз начин да се освежат ѕидовите во просториите каде престојуваме е обложувањето со тапети кои и даваат поинаква димензија на просторијата. Препорачливо е додека се одлучите за декорирање на ѕидовите со тапети да одберете само еден дел од ѕидот или еден ѕид за убав и модерен изглед на вашата просторија. 
Овој вид на декорација на просториите повторно станува актуелна. Овој пат понудата на тапети е многу поголема: тапети од различни материјали во зависност од потребата, дезени и бои. Лесно се вклопуваат во секоја просторија независно дали станува збор за дневна, кујна, спална, детска соба, канцеларија или работна соба.
Како што напоменавме, денес, изборот на тапети во споредба со минатото е многу поголем од аспект на колоритот, дезените и квалитетот. Покрај стандардните ‘мазни’ тапети се нудат и 3Д тапети кои даваат поголема димензионалност, длабочина и карактер на просторот.
Видови тапети :    

Тапети со фото квалитет 

Прилагодени нацрти со дизајни по сопствен избор, вкус и димензија кои би можеле да се прилагодат на одредени површини како ѕид во деловна просторија или станбен простор. За овој вид тапети да се залепат потребно е ѕидот да е рамен и мазен.  

Тапети за мебел 

 

Со овој вид тапети може да се декорира мебелот, дрвените површини во домот, метални, пластични па дури и стаклени површини. 
Овие тапети се водоотпорни, но пропуштаат одредено количество светлина доколку се залепат на стаклена површина, на пример, на прозорец или на стаклена врата.

3Д тапети


Модерен вид на тапети се оние со имитација на камен, дрво, цигла, плочки и други различни форми, кои даваат свежина и стил на ѕидовите во просторијата која сакате да ја декорирате.

Новите генерации на тапети, за разлика од тие во минатото, лесно се ставаат и вадат, боите се попостојани, голем дел од нив се отпoрни на влијанието на сончево зрачење и одржувањето е олеснето со можност да се мијат односно да се чистат со мокра крпа. Тапетите се одличен избор за разубавување или покривање на недостатоците на ѕидовите и другите површини во домот.

Н.Ц.