Блог пост

Олеснете си го процесот на купување недвижност – Вселив или стан во градба

Предности при купување на стан во градба

Кога разгледувате објект во почетна фаза на градба, секако најпрво го барате проектот да го разгледате. Ја имате таа предност да видите кои квадратури на станови се планирани и доколку ја нема вашата посакувана квадратура тогаш може да се разговара со архитектот на фирмата и ќе ви се овозможи да ја одберете како и да се прилагоди распоредот по ваша желба. Во предност сте да одберете кат и ориентација која би ви одговарала најмногу. 

Освен што можете да ја одберете посакуваната квадратура и распоред, бидејќи објектот почнува со градба може да го следите целиот процес на градење, материјалите кои се користат и цела изработка на објектот и посакуваниот стан. Секако, на почеток е убаво да се разгледа проектот и техничкиот документ во кој се опишани материјалите за изградба и доколку нешто ве интересира да прашате и да промените уште на самиот почеток. Исто така, доколку сакате можете во оваа фаза на градба да си вметнете материјали при градба, изолација и слично во договор со инвеститорот. 

Цената.. Помеѓу првите приоритети при изборот на стан е цената. Доколку купувате стан во почеток на градба имате привилегии да влијаете на начинот на плаќање и износот на сумата за станот . Ви се нудат поголем број опции во однос на цената и ратите на плаќање. 

Во понатамошните фази на градба може сами да си ги одберете плочките што ќе ви бидат ставени во ходникот, тоалетот, терасата и кујната. Како и видот на под, ламинат, паркет или таркет. Исто така доколку сакате можете да ја одберете и бојата и видот на вратите и да влијаете на останатите завршни изработки. Во договор со инвеститорот и во рамките на планираниот буџет се наоѓа заеднички компромис и во случаи кога би одбрале материјали кои го надминуваат буџетот најчесто се доплаќа за таа разлика која надминува.

Доколку ја одберете нашата компанија за соработка, нашата обврска е да ви ги обезбедиме потребните документации во врска со изградбата како и проектот, да ве советуваме во целиот процес при подготовка на купопродажниот договор со цел да бидете заштитени и сигурни. Ви помагаме при преговарање во однос на цената и најдобрите начини на плаќање како и најбезбедната опција за кредит индивидуално при претходно закажан состанок во определена банка. При изборот на стан ви ги нудиме најдобрите опции во однос на квалитет и безбедност.

Предности при купување на веднаш вселив стан.

Доколку ви е ограничено времето за преселба во нов стан поради некои причини тогаш најубаво е да барате готов стан. Предноста тука е што веднаш може да се вселите и однапред го гледате готовиот простор, изгледот на станот и целиот објект. 

Ви се зголемуваат опциите за кредит бидејќи готовите станови имаат веќе имотен лист и олеснета е постапката за префрлување на сопственоста во однос на времетраењето. 

Ако станот е веќе опремен ви ги скратува трошоците во однос на тој дел при купување на мебел и сл. 

Доколку станот се купува директно од инвеститор немате дополнителни давачки освен нотарски и адвокатски трошоци. Доколку станот се купува од друго лице односно е најмалку втора продажба тогаш освен нотарски и адвокатски трошоци се плаќа данок која што висина ја одредува општината. 

С.Б.