Блог пост

Олеснете си го процесот на купување недвижност – Дел 1

Домот е чувство на топлина и сигурност.

Да, токму така домот е чувство, прво се раѓа чувството на дом па потоа се друго.

Кога бирате иден дом поточно кога влегувате во потенцијалниот иден стан/куќа најпрво сконцентрирајте се на просторот и чувството што го имате кога сте внатре. Просторот е тој во кој ќе живеете. Тука треба да го осетите мирот и заедништвото со семејството. Слободно задржувајте се подолго време во просторот и пробајте да го замислите распоредот. Обавезно прашувајте што повеќе прашања во врска со станот. 

Секако, многу важен фактор е како е изолиран станот и дали е заштитен од надворешни температури, бучава и од влага. Доколку не ви се допаѓа нешто во станот прашајте дали може да се промени и како би изгледало тоа. Најчесто завршните работи како подот, вратите, прозорите и многу други елементи може да се променат во зависност од вашите желби.

Прочитајте повеќе за >> Топлинска и звучна изолација во домовите

Размислете ги вашите приоритети, но и отстапувајте од нив затоа што најчесто совршенството не постои или пак може и да не ви одговара кога ќе го најдете. Затоа бидете пофлексибилни во потрагата по иден дом. Дозволете си да разгледате повеќе опции и да одберете стан кој има повеќе позитивни страни од негативни од останатите во изборот. 

Дали повеќе ви одговара зграда со помалку соседи и поголем мир од околината или пак сакате да сте во центарот на урбаниот дел со повеќе народ.. Најчесто мирот е клучниот фактор при изборот на иден дом, но дали секогаш е лоциран веднаш до училиште, градинки и маркети или треба некој километар плус до нив и колку е тоа важно при изборот. Дали сте спремни да одите некој километар плус или ќе ризикувате да сте во центарот на бучавата но, се што ви е најпотребно да ви е многу блиску. Сепак, и тоа треба да се размисли. 

Во денешно време, секоја населба во Скопје е урбанизирана, во околина има градинки, училишта, трговски центри, маркети, амбуланти и слично, па така нема потреба да се бара исклучливо стан во центар доколку не можете да си го дозволите тоа. Населбите во кои што не сте биле до сега може да ви се чинат многу поубави за живеење доколку си дадете шанса да ги посетите. 

Прочитајте повеќе за предностите на купување стан во градба и вселив стан тука

С.Б.