Блог пост

Нека светка домот секој ден

Празниците поминаа, а со нив и декорот светкав во домот што носи преубава еуфорија и расположение.
Бидејќи е очигледно дека светкавото декорирање во домот и околу нас ни носи добро расположение, зошто да не ни биде секој ден дома еуфорично и забавно. Не мора да украсувате како да е Нова Година, напротив, направете една мала промена која ќе има големо влијание врз вашето секојдневие. Разгледајте неколку идеи што ќе ве поттикнат за светкава промена во домот..

Мал дел од домот украсете го со сијалички или пак декоративни свеќи што се совпаѓаат со дизајнот дома. Може да биде тоа и некој вид на украс со позадина која свети и нека светка домот секој ден.  

Сликите се преземени од: @love_lives_here

 

 

С.Б.

Тагови: дом уредување