Блог пост

Намена на земјиште

Каков вид објект може да се гради на вашето земјиште? Секое земјиште/плац си има своја намена односно каков вид на градба може да се изгради на него. Доколку купувате или продавате земјиште многу е важно да прочитате за каква намена е истото.

Постојат 5 групи на класи на намена:
А    Домување
Б    Комерцијални и деловни намена
В    Јавни институции
Г     Производство, дистрибуција и сервиси
Д    Зеленило и рекреација

Во групата "А -домување" спаѓаат:
А1  домување во семејни куќи 
А2  домување во станбени згради
А3  групно домување
А4  времено домување

Во групата "Б-деловни намени" спаѓаат:
Б1  мали комерцијални деловни единици 
Б2  големи трговски единици
Б3  големи угостителски единици
Б4  деловни простории
Б5  хотелски комплекси
Б6  простори за собири

Во групата "В-јавни институции" спаѓаат:
В1  образование
В2  здравство
В3  култура
В4  државни институции
В5  верски инситуции

Во групата "Г-производство, дистрибуција и сервиси" спаѓаат:
Г1  тешка и загадувачка индиструја
Г2  лесна и незагадувачка  индустрија
Г3  сервиси
Г4  стоваришта
Г5  инфраструктура

Во групата "Д-зеленило и рекреација" спаѓаат:
Д1   парковско зеленило
Д2   заштитно зеленило
Д3   спорт и рекреација

За каква намена е земјиштето ви треба извод од детален урбанистички план (ДУП) каде што ќе прочитате каков вид на градба може да градите.