Блог пост

Најчестите грешки што ги правите во потрагата по стан

Нека потрагата по дом ви биде организирана и лесна! Често ни се случува да се јават клиенти кои притоа не знаат на која агенција се јавуваат или заборавиле дека претходно се јавиле и прашале за некој стан или пак дека закажале теренска презентација за стан.... Сепак се бара стан за кој вредноста на инвестицијата која ќе ја направите не е за потценување, а и времето кое го имате или немате за да го потрошите залудно... Затоа, одвоиме мал дел од блогот да ви посветиме со мали совети да се организирате подобро и да заштедите време и пари. 

Прв чекор што треба да направите е да земете лист и пенкало 🙂 а потоа👇

2. Запишете ги вашите желби и потреби по приоритети.

3. Истражете ги агенциите за соработка и запишете ги по ред за контактирање.

4. Зачувајте ги телефонските броеви.

5. Презентирајте го вашето барање и побарајте ја нивната понуда, па потоа закажете теренска презентација за одбраните станови.

6. Агентите треба да ве информираат за условите и процедурите што се потребни при купување на стан - запишете ги. 🙂

7. Пронајдете го вашиот нов дом и започнете ја купопродажната процедура безбедно.

Нашата процедура на работа е опишана овде >>>Доколку не ангажирате нас за соработка