Блог пост

Начини за креативно преградување на просториите

За да се раздвојат две простории, постојат повеќе креативни начини што зафаќаат значително помалку простор од класичен ѕид со цигли и воедно ги разубавуваат просториите.
Најчесто таблите од гипс картон се поставуваат како најадекватно решение кое зафаќа помалку простор, а воедно содржи звучна и термо изолација. Може да се украсат со полици на кои би се поставиле украси, цвеќиња или книги.


Стаклото се користи како преграда при што дава елегантен и лускузен изглед на просторијата.

Дрвени лајсни од подот кон таванот може да се постават како декорација и зафаќаат мал простор. Доколку се фиксно поставени може да се прикачат на нив украсни полици за книги, цвеќиња или други декорации. Може да се постават вертикално, хоризонтално или во други форми и облици.

Поставување ткаенина во вид на завеси е исто така решение, постои поголем избор на бои и должина. Гардероберот во спалната соба може на овој начин да се прегради.

Метална конструкција со избор на модел или фигури изработени по мерка.

Мобилните прегради во вид на пластични хармоники или панели од дрво или друг материјал се одлично решение за големи отворени простории кои имаат потреба некогаш да се разделуваат во повеќе простории. Така од една поголема просторија/канцеларија може да се изведат неколку помали по потреба.

Има голем избор на креативни начини за прегради на просториите, ќе споделиме и други примери во прилог.