Блог пост

Кој е инвеститор а кој изведувач на градба?

Инвеститор или изведувач на градба? Да ја разјасниме дилемата, кој е инвеститор, а кој изведувач на градба? Кои се нивните функции и обврски?


Прво, под поимот градење се подразбира: изведување на градежна конструкција, изведба на нова градба, реконструкција и адаптација на постоечка градба, надградба и доградба на постоечка градба, вршење на градежно-завршни работи и градежно-инсталатерски..
Градба како поим претставува една целина или објект, односно изградба на физичка, техничко-технолошка и градежна целина.
Инвеститорот е правно или физичко лице кое се стекнало со право на градење на градба на одредено земјиште. Тој може да е сопственик на земјиштето или да има право на долготраен закуп на земјиштето чиј сопственик му го пренел истото или да стекне право на градење согласно со законот. Проектирањето, ревизија на проекти, изградба и надзор над градењето треба да го вршат правни лица регистрирани за определената дејност. Инвеститорот како сопственик на земјиште над кое има право на градење одлучува која фирма ќе ја изгради градбата. Ако е правно лице може да има лиценца за изведување на градби и самата фирма да биде инвеститор и изведувач.
Управител на градба може да биде инвеститорот или друго правно лице кое има лиценца за управител на градба односно има регистрирано фирма за вршење на соодветната дејност и ги има исполнето условите за истата. Доколку инвеститорот одлучи да назначи управител на градба неговите обврски се: надзор на фазите на градење, финансиски и материјален надзор на целиот процес на изградба на објект.
Изведувач е регистрирано правно лице со кое инвеститорот склучил договор за да ја гради градбата, односно да ја изведува. Изведувачот мора да поседува соодветни лиценци според категории на градби кои ги изведува, како и да исполнува други услови предвидени со Законот. 

Повеќе за основните поими во градежништвото и категориите на градба прочитајте на следниов линк >> Општи поими и објаснувања за градежништво
Дополнителни информации за тоа како се добива одобрение за градење може да прочитате тука >> Потребна документација за добивање одобрение за градба.

С.Б.