Блог пост

Како до имотен лист по електронски пат?

Имотниот лист е јавна исправа со која се докажува сопственоста на имот.

Освен имотен лист на кој се наоѓа вашиот имот, можете да извадите имотни листови од било кој плац за кој ве интересира сопственоста и квадратурата. Единствено што ви е потребно е бројот на имотниот лист или број на катастарска парцела.

Следете ги овие 6 чекори како да извадите имотен лист по електронски пат:

Чекор 1

Отворете ја веб страната на катастар https://ossp.katastar.gov.mk.

Чекор 2

Регистрирајте профил на веб страната на катастар оставајќи ги вашите лични податоци. Полињата со црвена ѕвездичка е задолжително да се пополнат за да се регистрира профил .

Чекор 3 и 4

Потоа, пополнете ги полињата во пребарувањето за имотен лист како што се број на имотен лист, катастарска општина и катастарска парцела и притиснете на полето "кошничка".

Чекор 5 и 6

Кликнете го полето наплата и плати онлајн/потврди нарачка по што имотниот лист ќе ви пристигне на електронската пошта која што сте ја напишале при регистрирањето профил.

Наплатата ќе се изврши по електронски пат по претходно оставени податоци за трансакциската картичка.

 

Повеќе за имотниот лист прочитајте >>> Имотен лист како доказ за сопственост на имот