Балконот е омиленото место во станот за уживање во надворешниот простор. За да биде поудобно место кое служи за инспирација, функционално и практично а истовремено декоративно и убаво на изглед, следуваат неколку идеи за уредување на балконот.
Поставување на дрвена преграда која што има повеќе функции, како модерна декорација, место за поставување на саксиите со цвеќиња кои се подложни на надворешни средини и како заштита од сонцето ако на тој дел балконот нема ѕид. Може да се декорира подот со бели камчиња и вештачка трева за подобар изглед.
За поголема удобност и уживање, доколку дозволува просторот може да се постави висечка лежалка.
Модерна варијанта а истовремено и практична за помали балкони е поставување на шанк.
Поставувањето на вештачка трева на подот на балконот дава чувство на присуство во природа.
За да се заштити балконот од надворешни температури може да се загради со стакла кои дополнително даваат убав визуелен изглед. Поставувањето на преграден ѕид и повисока ограда исто така прави разлика.
Прочитајте повеќе за >> Разликата помеѓу тераса, балкон и лоѓија
С.Б.