Блог пост

Имотен лист како доказ за сопственост на недвижен имот

Имотен лист како доказ за сопственост-  доколку продавате / купувате готов стан во кој може веднаш да се вселува. Доколку станот е во градба има предимотен лист / лист за предбележување.
Што е имотен лист?
Јавна исправа со која се докажува сопственоста на недвижниот имот.
Од каде може да се извади имотниот лист?
Од Агенција за катастар на недвижности, како и негов увид може да побарате од општина, нотар или геодетска фирма, како и електронски преку веб страната на катастар. 
Кои информации ми требаат за да извадам имотен лист?
Број на имотен лист / катастарска парцела / адреса / катастарска општина.
Која е постапката  на вадење на имотен лист?
Со поднесување на барање за имотен лист ( во прилог е примерот), кој може да го побарате и пополните во катастарот за недвижности.
Која е цената и како можам да платам?
Цената на имотниот лист побаруван во хартиена форма е 180 денари, додека електронски чини 150 денари. 
Може да се плати преку дебитна картичка или преку уплатница ПП 50 (во прилог е пример) во банка или пошта. 


Што ако имотот е под хипотека?
Во овој случај на продавачот му се препорачува веднаш да го извести потенцијалниот купувач за ваквата ситуација и да предложи начини на купување на имотот под овие услови.
Купувачот може да ја дознае оваа информација со вадење на имотен лист, со тоа што доколку постои хипотека ќе биде истото запишано во оваа јавна исправа. 

Повеќе околу купопродажната постапка за недвижен имот може да се информирате на нашите телефонски броеви или меил линк за контакт.

С.Б.