Блог пост

Идеално место за библиотека во вашиот дом

Ако уживате слободното време да го поминувате дружејќи се со добра книга, тогаш сигурно размислувате да си направите свое катче за читање во домот. Следат неколку идеи каде што може убаво да ги сместите книгите да ви бидат во близина, а воедно да ја украсуваат просторијата.
Идеално место за читање е на дневна светлина. Делот под прозорите или околу нив може да се искористи како полици за книги.

Полиците за книги можат да ги декорираат просториите а исто време да ги раздвојат и да им дадат чувство на интимност.

Сигурно имате некој агол дома неискористен кој може креативно да се осмисли да биде функционален и убав исполнет со вашите омилени наслови.

Додека учите или работите од дома може да го искористите работниот простор околу работната маса со полици каде што ќе ставите книги. Дома или во кацеларија каде што ќе ви бидат на дофат за време на паузите да се релаксирате со добра книга.

Просторот околу скалите може посебно да го разубавите доколку го искористите со декоративни полици за вашите книги.

Децата се нашето најголемо богатство во кое треба да вложиме уште од најмали нозе да ја разберат потребата и придобивките од читањето книги. Затоа, следат неколку идеи како да им направите привлечно катче каде што можат да творат, да учат, да цртат, бојат и читаат. Нека биде доволно креативно и убаво осмислено за децата да можат да најдат убавина и забава во читањето.

Прочитајте повеќе за >> Уредување на детска соба

Следат декоративни полици кои може да се искористат да ги красат ѕидовите во било која просторија во домот или на работното место.

С.Б.