Детали за огласот

Нов стан 88 квадрати во Тафталиџе 2

79200€
# 53 Карпош

Маком Градба продава стан со 3 спални соби, дневна со кујна и трпезарија, тоалет, бања и 3 балкони.

Греење по избор - инсталирана клима инвертер и инсталација за сопствено греење на струја.

Веднаш вселив стан со чист имотен лист.

Вклучен паркинг простор во подземна гаража на ниво -1.

Паркирањето е во рамките на урбанистичката парцела, надземно паркирање и подземно парирање со пристапна рампа.

Зградата  е поделена на шест нивоа по вертикала: подрум (гаража), приземје + 3 + поткровје. Вертикалната поврзаност меѓу овие нивоа е со скали и лифт. 

ИЗОЛАЦИЈА

Хидроизолација има под темелната плоча на приземјето како и на подовите и ѕидовите во бањите.

Термоизолацијата со стиропор 8 см во надворешните ѕидови изведени од ПОРОТЕРМ БЛОК со деб.= 20 см и двореден д = 2 см стиропор во подовите како и тервол во кровната конструкција со дебелина соодветна на местото на вградување, односно според правилата и прописите за термичка заштита на објектите за нашите климатски услови.

ПВЦ, ДРВЕНА СТОЛАРИЈА, ЅИДАРИЈА, ПОДОВИ

Внатрешни двојно шпертовани врати со кафена боја.

Прозорците и балконските врати се од термоизолирани ПВЦ профили застаклени со термопан стакло во бела мат боја.

Ѕидаријата е со полна или шуплива тула во продолжен малтер, со дебелини соодветни според местото на ѕидот ( преграден ѕид д = 12 см, преграден ѕид = 20 см) , фасадните ѕидови се со демит фасада д = 20 см.

Подовите и стамбениот простор- кујните, санитариите и балконите се обложени со керамички плочки. Ѕидни керамички плочки се поставени во санитариите и кујните.

Подовите во стамбениот простор- дневните соби, спалните соби, трпезариите и сл. Се обложени со под од ламинат д = 8 мм класа 31 на цементна кошулка на филц.

Можна е замена за помал стан со вредност од максимум 45 000 евра со ваша доплата во реон Карпош - Центар.

Телефони за контакт

070 355 071

072 224 164

88 квадрати

3 спални

2 тоалети

79200€

Последни огласи

47 м²

1 спална

1 тоалет

84 м²

2 спални

2 тоалети

65 м²

1 спална

1 тоалет