Детали за огласот

Иден проект на Маком Градба во Тафталиџе 2

1050€
# 54 Карпош

Одберете го вашиот семеен дом на мирна и тивка локација која нуди мир и хармонија, а сепак е во близина до центарот на градот, во помала зграда со 9 станбени единици во населба Тафталиџе 2, на ул. Ванчо Мицков.

Зградата располага со квадратури од 61 м²  и 62 м² со две спални соби, распоредот е внимателно уреден за да биде комфорен, практичен и функционален.

На поткровјето се планирани 2 станбени единици од по 54 м² со две спални соби со гратис тераса.

Ориентацијата на становите е север-исток и север-запад во објект Приземје + 3 + Поткровје.

Резервација на станови можете да направите на телефонските броеви 072 224 164 / 070 355 071 со претходна средба во нашата канцеларија и договор.

Технички опис на објектот

      Високо квалитетни материјали

      Енергетска ефикасност

      Економичен систем на греење и ладење

Ѕидарски работи:

        Надворешни ѕидови : керамички блок со деб. 20 см обложен со термоизолација 10 см стиропор, со сите потребни слоеви до конечна фасадна обработка.

        Преградни внатрешни ѕидови – стан со скалишен простор се со деб. 20 см и дополнително обложени со термоизолација – стиропор 3 см +  облога поради енергетска ефикасност. Вкупната дебелина на ѕидовите е 25 см.

Подови:

        Керамички плочки во бањата,кујната и ходник.

        Во останатите  простории за подовите е предвидено да бидат покриени со буков квалитетен паркет кој се струга и лакира или со трислоен паркет (professional) кој не се струга и лакира.

Огради:

       За оградите на терасите се предвидени комбинирани - полни ѕидани со дебелина од 10 см , метални и стaклени – калено ламинирано стакло.

Греење/ Ладење:

       Греењето и ладењето се предвидени со грејни тела на електрична енергија- инвертер клима во секоја соба за кои е докажано дека се нај економични.

Цената е 1050 евра м2 со вклучен сопствен паркинг простор пред зграда.

Цената на становите и гратис паркинг простор се однесуваат на објектот во почетна фаза на градба. 

61 квадрати

2 спални

1 тоалет

1050€

Последни огласи

47 м²

1 спална

1 тоалет

84 м²

2 спални

2 тоалети

65 м²

1 спална

1 тоалет